Протести во Мадрид против Самитот на НАТО
Илјадници Шпанци излегоа на протест против Самитот на НАТО, кој се одржува во Мадрид од 28-30 јуни, отфрлајќи ја деструктивната улога на организацијата и нејзините империјалистички војни.
‚‚Заедно за мир и против империјализмот‘‘ и „терористи на НАТО‘‘ беа дел од транспарентите што беа претставени од страна на протестирачите.
На прес-конференција, Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, рече дека самитот имал за цел „да се дискутира за заканите и предизвиците од југот“ и „да се зголеми бројот на нашите високо достапни сили на над 300.000“.
Протестот беше организиран од неколку групи вклучувајќи ја Комунистичката младина, младинското крило на Комунистичката партија на Шпанија, Платформа за мир, Светската федерција на демократска младина и други.