АктуелноИнтернационално

Отворен првиот патен мост кој ги поврзува Руската Федерација и Народна Република Кина

Во петокот, 10-ти јуни, свечено беше отворен првиот патен мост, автопат, кој ги поврзува Русија и Кина, како две земји чии релации и соработка се во постојан пораст. 

Километарскиот мост над реката Амур го поврзува далечниот источен руски град Благовешченск со Хеихе во северна Кина. За време на церемонијата во Благовешченск во петокот, мостот беше отворен за товарен сообраќај, со минување на првите камиони кои беа дочекани со огномет.

Иако изградбата на мостот беше завршена пред две години, но неговото свечено отворање беше одложено поради пандемијата на коронавирус. Составен од 2 сообраќајни ленти, изградбата на овој мост чинеше 19 милијарди рубљи (451 милион долари). 

После Студената војна, соработката помеѓу овие две земји е во континуиран раст. И двете земји водени од потребата да се спротивстават на глобалната хегемонија на САД, во текот на изминатите години ја зајакнаа политичката и економската соработка.

После конфликтот во Украина и агресивните блокирачки политики на колективниот Запад кон Русија, Москва, свртуваќи се кон Исток ја интензивира својата економска размена со Кина но и останатите земји од регионот. Заедно со Пекинг, Москва мапира и гради патишта за висококвалитетен развој на трговијата со стоки и услуги, со намера да се постигне целта од 200 милијарди долари во билатералната трговија со Кина.