Македонски амбасадор барал МНР да ја тужи професорката Ванковска заради анти НАТО ставови
Професорката Ванковска да биде тужена од страна на министерството за надворешни работи за своите ставови против НАТО било побарано од македонски амбасадор.
Ова амбасадорот го побарал во официјален допис до МНР, соопшти за јавноста Ивица Боевски.
„Амбасадор на Македонија во една земја од Централна Европа напишал допис до МНР каде што бара Директоратот за НАТО да покрене кривична постапка против професорката Билјана Ванковска заради нејзините колумни во кој што се ‘навредува’ НАТО.“
На оваа тужба главна цел би било замолкнување и цензурирање на професорката Ванковска која во зависност од тужбата, но би можела да заврши во затвор.
Оваа скандалозна информација ја објавува екс амбасадорот Ивица Боцевски во емисијата „Еспресо“ на Радио Лидер.