АктуелноЛокално

Предлогот на Левица за зголемување на посебниот додаток на децата со попреченост утре пред пратениците

  • Соопштение на Политичката партија Левица.

Измените на Законот за заштита на децата, предложени од пратениците на Левица, ќе се најдат на дневниот ред на утрешната 69-та Седница на Собранието на Република Македонија.

Пратениците на Левица законските измени ги предложуваат по остварената средбата со родителите на децата со попреченост, коишто одржаа протест пред Собранието на РМ.

Со предложените законски измени, се предлага зголемување на посебниот додаток за децата со попреченост од 100 отсто, кој според тековниот закон изнесува 5.021 денари, како едно од барањата на родителите.

Овие граѓани со години бараат остварување на своите права низ институциите на системот, кои за нив остануваат недостапни и индиферентни, како резултат на општата дегенерација на социјалната држава, која наменски низ годините се ништи.

Ова законско решение се надоврзува на законските решенија, кои Левица ги предложува во насока на радикално возобновување на социјалната држава и редефиниција на државниот апарат, како инструмент во рацете на граѓаните, кои партиите од владејачкото мнозинство досега ги одбија.

Останува да видиме дали овој пат пратениците од останатите политички партии, особено оние од парламентарното мнозинство, ќе се одважат и ќе ги подржат овие законски измени и со тоа ќе овозможат зголемување на овој паричен додаток, кој за некои од родителите е единствен приход.