СДСМ и ДУИ гласаа против намалувањето на патарините
Пред околу две седмици пратениците од редовите на Левица поднесоа предлог-закон со кој ќе се намалат патарините за 50%. Со истиот, се предвидува висината на износот за патарините и уредувањето на начинот на наплата на истата да мора да ги помине собраниските филтри, наместо досегашното решение истите да се во надлежност на Владата.
Меѓувремено оваа точка не беше предвидено да биде ставена на дневен ред, по што од партијата излегоа су дополнителна реакција „власта да не го одолжува намалувањето на патарините“, за на крај оваа точка да се најде на дневен ред на денешната седница.
Пратеникот Апасиев утринава се огласи на социјалните мрежи и соопшти: оваа точка е ставена на дневен ред.
Компаративно гледано, во побогати држави и земји кои се полноправни членки на Еврпската Унија, се плаќаат пониски износи за користењето на јавните патишта. На пример, во Словенија – се плаќа 110 евра годишно, Словачка – 50 евра годишно, Швајцарија – 40 евра годишно, Бугарија – 50 евра годишно, Австрија 93 евра годишно, Чешка – 60 евра годишно.
Иако во Македонија се плаќаат меѓу најскапите патарини во Европа, од коалицијата на ДУИ и СДСМ, за време на економска и енергетска криза, во услови на енормна инфлација, сметаат дека оваа давачка не треба да биде намалена! Тие гласаа против предлог-законот на Левица со кој се предвидува намалување на патарините за 50%.
Пратениците на СДС + ДУИ гласаа против намалување на цената на патарините за 50%. – Соопшти пратеникот Димитар Апасиев.