Главниот извршен директор на „Дојче Банк“: Не брзајте со нови санкции кон Русија

Шефот на најголемата германска финансиска институција „Дојче банк“, Кристијан Зевинг, предупреди на последиците по германската и европската економија во случајот со прекинот на гасоводот „Северен тек 1“. Тој апелираше да не се брза со воведувањето нови санкции против Русија, бидејќи имаат негативно влијание врз оние кои ги наметнуваат.

„Доколку го прекинеме „Северен тек 1“, тоа не би значело прекин на испораките на руски гас за Германија, но наскоро ќе доведе до сериозни проблеми со снабдувањето со енергија и значително зголемување на цените во нашата земја“, изјави Зевинг за западните медиуми.

Мора постојано да се разгледува и одново да се оценува тоа дали навистина има потреба од построги и ригорозни финансиски и економски санкции кон Русија, изјави Севинг, додаваќи  дека германската влада мора да признае дека ваквите мерки „имаат негативен ефект врз самите нас“.