Министерот Лога подготвува убијците од „Диво Насеље“ да ги префрли во Косово

Денес навршува годишнината од терористичкиот напад во Куманово, кога беа убиени 8 припадници на специјалните полициски единици, а Министерот за правда Кренар Лога во интервју за РСЕ кажал дека се комплетира документацијата за префрлање на терористите во Косово. Мнозинството граѓани на овој чин гледаат како на ослободителна пресуда и се сомневаат во какво било издржување на затворските казни надвор од територијата на Македонија.

13 затвореници од т.н. Кумановска група, кои сега се наоѓаат на издржување на затворските казни во скопскиот затвор „Идризово“ поради случајот „Диво насеље“, ќе бидат префрлени во Косово.

Ова го пренесува косовска Коха, повикувајќи се на Радио Слободна Европа.

„Кумановската група“ упадна од Косово на 9 и 10 мај 2015 година и во кумановското „Диво насеље“ уби 8 припадници на специјалните полициски единици. Тројца од нив се осудени на доживотни затворски казни, а останатите на долгогодишни затворски казни.