Бесими потврди Етеми го добива земјиштето во Центар за 7 евра квадрат
Праксата на злоупотреба на лошите закони продолжува, а ДУИ како креатор, спроведувач и НЗС на секоја власт непрекинато профитира. Бесими потврди, македонското земјиште од центарот на Скопје се приватизира за 7 евра квадрат. Едноставно објаснето: од државата за соработниците на ДУИ, односно од Бесими за Етeми.
Министерот за финансии Фатмир Бесими кој е платен за функцијата што ја извршува и е должен да ги заштитува интересите на државата, во изјавата за „Утрински брифинг“ кажа дека за случајот за кој е одговорен ништо не знаел и дека за истиот дознал од медиумите.
Министерот потврди дека начинот на кој е спроведена приватизацијате е врз основа на Законот од 2011 година, што беше предложен и донесен од тогашната коалиција на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Денес овие лоши закони министерот од ДУИ ги спроведува од позиција на власт во коалицијата со СДСМ.
„Не станува збор за продажба на земјиште, туку за приватизација на земјиште. Процесот на продажба се врши согласно законски прописи преку општина, а приватизацијата на земјиштето се врши врз основа на Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост преку Управата за имотно-правни работи, а надоместот кој се плаќа за приватизацијата е утврден со Уредбата на Владата за висина на надоместот за приватизација на градежно земјиште од 2011 година, рече министерот.“
Министерот од редовите на ДУИ кои за овој закон го изгласаа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а го спроведуваат во пракса со СДСМ, во изјавата ги спомена етичките и моралните норми, нагласувајки дека постапките се изведени согласно законот.