АктуелноЛокално

Членовите на Надзорниот одбор во библиотека „Тане Георгиевски“ изгласале завршна сметка која ја немаат ниту видено

  • Реакција на Левица – ЛО Куманово.

На претходната Седница на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење, во библиотеката ,,Тане Георгиевски”, членовите од одборот гласале за завршна сметка без истата да им биде приложена, без да имаат било каква дополнителна информација, а откако истата била побарана, од администрацијата одбиле да ја споделат со цел истата да не подлежи на анализа.

Години наназад сведочиме на лошо менаџирање со Јавните установи во Општина Куманово, каде надзорните одбори наместо да ја критикуваат и унапредуваат нивната работа, тие се претворени во орган кој проследува и констатира однапред подготвените решенија, кои најчесто воопшто не се во интерес на граѓаните.

Сметаме дека ваквиот пристап на управување со Јавни установи и распоредување на средствата од нивните Буџети во најмала рака е несериозен, нетранспарентен, нелегитимен и згора на се’ истиот може биде предмет на злоупотреба и искористување за лични интереси. 

Веројатно е дека лошата пракса применувана години наназад е применувана и тоа во повеќе Јавни установи, заради тоа, ги охрабруваме сите членови на Управните и Надзорните одбори да реагираат на вакви или слични ситуации, со цел оваа пракса во иднина целосно да биде прекината. Управните и Надзорните одбори мора да бидат функционални!