Рустеми и Бочварски да преземат одговорност за решавање на проблемите на автопатот Штип-Миладиновци

  • Реакција на Левица – ЛО Штип.

Најновиот автопат во државата, кој би требало да биде и најбезбеден за сообраќај, од ден во ден станува се поопасен за граѓаните од истокот на Македонија, кои секојдневно сообраќаат кон главниот град.

На неколку места на автопатот Штип – Миладиновци, веќе повеќе месеци има големи одрони кои заземаат значаен дел од коловозната лента, а возачите треба да бидат крајно претпазливи за да не си го доведат животот во опасност.

Додека директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, умешно и дрско го одлага овој горлив проблем, а министерот Бочварски мирно си спие во зимски сон, на уште неизградените патарини се случуваат страшни сообраќајни несреќи како сцени од најлошиот хорор филм. Нема дно кое ќе го сопре очајот на оваа фалшлива гарнитура.