АктуелноЛокално

(Видео) Левица побара Град Скопје да овозможи бесплатни часови по странски јазици, информатика и спортски активности

  • Реакција во Советот на Град Скопје од советниците на Левица.

Советниците на Левица во Град Скопје на денешната седница (која сѐ уште е во тек) поднесоа два амандмани од кои едниот се однесува на образованието и тоа конкретно на:

1.Одржување на бесплатни часови по странски јазици како воннаставна програма за учениците во средните училишта во град Скопје;

2.Одржување на бесплатни часови по информатички технологии како воннаставна програма за учениците во средните училишта во град Скопје;

3.Одржување на бесплатни часови по спортски активности како воннаставна програма за учениците во средните училишта во град Скопје.

Имајќи ја предвид важноста на знаењето на странските јазици во денешен контекст, како и од усовршување на информатичките вештини, а особено важноста на физичката активниност на децата во развој – децата средношколци, советниците го предложија овој амандман со цел средствата во износ од 2.500.000,00 денари првично планирани за креирање на воннаставни процеси и активности кои придонесуваат за добросостојбата на членовите на училишните заедници, а кои што е предвидено да се реализараат во соработка со невладини здруженија, фондации и други правни лица, да се пренаменат за организирање на бесплатни часови по странски јазици, како и бесплатни воннаставни спортски активности за учениците во сите средни училишта во град Скопје“.

Намерата беше со тоа да се излезе во пресрет на учениците – средношколици во рамките на своите училишта, без дополнителни трошоци, да посетуваат часови по странски јазик, информатички вештини или пак спортски активности, во зависност од нивните лични афинитети.

Амандманот не беше изгласан од останатите советници, со што не беше прифатен, а тоа значи дека овие финансии наместо да се употребат за беспатно образование на средношколците, ќе се прелеат во проектите на невладините здруженија.