Рекорд на Московската берза во трговијата рубља-јуан

Трансакците помеѓу руската рубља (RUB) и кинескиот јуан (CNY) поставија рекод на Московската берза.

Вредноста на трансакциите со валутите рубља/јуани се искачи на над 25 милијарди рубљи (32 милиони долари) – ова е историски максимум откако кинеската валута се отвори на Московската берза.

Износот на тргување со јуани во Москва е во пораст од самиот почеток на конфликтот во Украина.

Од агресивните санкции на ЕУ и САД кон Русија, крајниот резултат може да биде дедоларизација на глобалната економија и огромен недостиг на стоки ширум светот.

За тоа како и дали ваквите санкции од страна на Западот ќе ја загушат Русија, треба да се погледне извонредната анализа на еден од најкомпетентните економисти на глобално ниво, Мајкл Хадсон, меѓу другото и автор на Супер-империјализам: економската стратегија на американската империја.

Хадсон забележува како тој е „едноставно вкочанет поради ескалација на САД“, во врска со конфискацијата на руските девизни резерви и отсекувањето на Русија од SWIFT системот. Главната поента на Хадсон е дека на Русија ќе и треба одредено време да воспостави таков систем со Кина, но резултатот од тоа ќе биде крај на ерата на доларот бидејќи земјите на кои им се заканува „демократија“ или покажуваат дипломатска независност ќе се плашат да ги користат американските банки.

Ова, вели Хадсон, нè води до големото прашање: Дали Европа и Западниот блок можат да купат руски суровини кои се од исклучителна важност за нивните индустрии и економии?

Според сегашната состојба и расположение, стратешката глупост на ЕУ ќе предизвика недоверба кон нивните банки. Додека пак Кина е подготвена да ги зграпчи сите руски природни ресурси, а Европа ризикува да биде оставена како беден заложник на атлантикот и на разбеснетите берзански шпекуланти. По се изгледа дека претстои целосна поделба помеѓу ЕУ-Русија – со мал обем на трговија и нула дипломатија.