АктуелноЛокално

„Нов“ претседател на ВМРО-ДПМНЕ

На вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово за претседател на партијата беше избран единствениот кандидат, Христијан Мицкоски. Никола Груевски беше назначен за почесен претседател.

Изборот на Мицкоски беше, според обвинувањата на дел од досегашното раководство, изнуден и поддржан од Никола Груевски, а по неговиот избор со поддршка излезе и Љубчо Георгиевски.

Досега, во рамките на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски има учествувано како советник за енергетика на Владата, како член, а подоцна и претседател, на кадровската комисија во партијата, како член на локални, регионални и републички изборни штабови и како генерален секретар на партијата. Моментално, Мицкоски е вонреден професор на Машинскиот Факултет во Скопје.

Сомнителниот факт дека тој беше единствен кандидат, обвинувањата кои го одбележаа неговиот избор, како и неговата старо-нова реторика се показатели дека во ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска промена и дека тие се на патот да станат ирелевантна партија, што воопшто не е лошо, ако се земе предвид нивната историја на наметнување ксенофобичен дискурс и спроведувањето на десно-популистички економски мерки кои на долготраен план се покажуваат крајно неефикасни.