Заедничко чествување на Делчев: Ковачевски и Османи пред четири дена знаеле дека ќе патуваат во Брисел
Македонската влада уште од 31 јануари знае дека денеска премиерот и шефот на дипломатијата нема да бидат во Скопје.
Пред 4 дена Илинденска и медиумите биле официјално информирани дека Ковачевски и Османи се поканети на средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Средбата била договараме најмалку уште толкав период предходно.
Бугарските медиуми дури денеска јавија дека утре, 4 февруари, кога се одбележуваат 150 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев премиерот Ковачевски и министерот Османи нема да бидат во Скопје што според БГНЕС е причина утре да не се појават на заедничката прослава за Гоце Делчев во Скопје .
Тоа значи дека или владата во Скопје не ги информирала своите партнери во Софија дека не се во земјава и нема да бидат во можност да ги пречекаат (Со што се отвара можност за нова дипломатска криза меѓу Скопје и Софија), или пак власта во Софија знаела за отсуството на Ковачевски и Османи но молчела.
Иако се уште постои можност премиерот и министерот да се вратат до утре на прославата, денеска медиумите во Бугарија јавуваат дека македонската страна нема да биде присутна на потребното политичко ниво на положувањето венец на бугарската делегација предводена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.
Средбата во седиштето на НАТО Е закажана за денеска во 15 часот што е доволно време Ковачевски и Османи до утре наутро да се вратат во Скопје и да бидат домаќини на бугарските министри.
Заедничката богослужбата и чествување како што најави бугарскиот премиер треба(ше) да се одржи во црквата Свети Спас во Скопје.
Кирил Петков во Собранието на Бугарија како одговор на прашање на поранешната дипломатка бр. 1 Екатерина Захариева најави дека се подготвува заедничка прослава на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Извесно е дека оваа изјава Петков ја дал по постигнат договор со владата во Скопје или пак ја дал на своја рака без да ја информира за тоа Македонија.
Според бугарските медиуми официјалното објаснување од скопските власти е дека министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачески се во посета на странство.
Засега нема информации дека некој од нив ќе се врати порано за да учествува во заедничката богослужба.
Во бугарската делегација ќе има министри и заменици министри кои според дипломатскиот протокол мора да се сретнат со своите хомолози.
Ако Османи не се појави со Генчовска а претходно се договорил да ја пречека во Скопје тоа според дипломатските правила е навреда.
Дали македонските претставници се уплашија од гневот на граѓаните по најавата за заедничко чествување, навистина имаат обврска во Брисел или пак ќе се вратат утре навреме засега нема објаснување од владата.
По потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство на 1 август 2017 година, премиерите на двете земји неколкупати положија венци пред гробот на Гоце Делчев и пред неговиот споменик во Благоевград.
Вчера, сосема изненадувачки, копретседателот на Македонската историска комисија, Драги Георгиев, отворено повика на замрзнување на работата на комисијата.
Премиерот Кирил Петков минатата недела објави дека тој и неговиот колега Ковачевски се договориле до крајот на мај да има најмалку три состаноци на комисијата.
Извор: https://www.expres.mk