(Видео) Институтот „Рацин” изработи 150 монети со ликот на Гоце Делчев во чест 150 години од неговото раѓање

Нераскинливото јубилејно прославување на раѓањето на македонскиот револуционерен Гоце Делчев, по стогодишнината од 1972 година, нашиот левичарски институт „Рацин” го продолжува со прославната еднонеделна кампања, насловена 150 години Делчев, во негова чест.

По овој повод, изработени се 150 монети со ликот на Гоце Делчев, кои го симболизираат овој празник и кои ќе бидат доделени на поединци и институции според заслугите и придонесот кон негувањето на идеите на македонскиот револуционерен деец.

Долж кампањата, институтот „Рацин” спроведува и анкета за испитување на јавното мнение, кое се однесува на ставовите за сопствената историја, како и тековните меѓународни преговори во кои учествува Владатa, како и публикација на видео – запис на испратени пораки од наши интелектуалци и општествени дејци.

Исто така, Црвена младина реализира низа герила активности за подигање на свеста кај младите, со наслов „културен натпревар, а не културна доминација.”

За крај, утре во МКЦ во 18:30 часот, ќе се одржи трибина насловена како „Македонската кауза – 150 години од раѓањето на Гоце Делчев”, каде учество ќе земат истакнати претставници од академската фела. Настанот ќе се пренесува и со стрим во живо, на фејсбук страната на Левичарскиот институт „Рацин“.