Ленка: Двете најбогати министерки со имот што обична работничка во цел живот не може да го заштеди, побараа апанажа
Собраниската служба информираше дека поранешниот министер за земјоделство Аријанит Хоџа, поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров и поранешниот заменик-министер за култура Седет Сулејмани, не се единствените кои поднеле барање за апанажа.
Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска и поранешната министерка за образование Мила Царовска, официјално се придружиле на оваа листа и поднеле барање за апанажа до собраниската Комисија за именување.
Доколку барањата на овие поранешни функционери се прифатат, тие и ќе добиваат надомест од државата во следните девет месеци со износ од платата што ја добивале додека биле на функција.
Од Движењето за социјална правда Ленка, на ги објавија анкетните листови на поранешните Министерки, каде може да се види колкав имот поседуваат тие. Во нивната реакција беше напишано:
„Двете најбогати министерки, со имот што обична работничка во цел живот не може да го заштеди, побараа АПАНАЖА после престанувањето на фунцијата!
-Радмила Шеќеринска со три стана и едно чудо депозити и со огромни заштеди и
-Мила Царовска со три куќи, од кои една во Канада, два стана со куп депозити.
Паразити кои егзистираат со своите фамилии цел живот на грбот на сиромашниот народ!“