Новковска: За да се исполнат желбите за пописот, потребни се многу вкрстувања на податоците

Фејсбук статус на Благица Новковска – поранешен директор на Државниот завод за статистика.

Очекувам дека Христијан Мицковски и неговите ,,патриоти“ веќе ја подржале и обработката на пописните податоци со конкретни идеи за забрзување. И тие како и оние другите ,,патриоти“ организатори на отписот не пукнаа со информации за елeктронски бази, ама сега и ним им е јасно дека тие бази не се бази.

А, претпоставувам дека и многу вкрстувања на податоци треба да направат за да ги исполнат сите договорени желби, а тоа бара време, особено кога состојбите по ,,базите“ се збркани. Сложена е работата ама кога го малтретираш народот и го ,,тепаш“ со лажен патриотизам, ароганција и закани добиваш:

-непопишано население заради необучени попишувачи,
-нецелосно попишување заради неквалитетно подготвена апликација за попишување,
-попишано население само со ЕМБГ и уште по некој податок, заради недоволно обучени попишувачи,
-непопишано население заради бојкотирање на т.н. попис од страна на оние кои беа свесни дека е ова отпис,
-дупло попишана дијаспора, т.е. онаа дијаспора која мора да ја има и тука и таму,
-непопишана дијаспора која е само таму, итн. GREMO… преку ,,базите“.