АктуелноИнтернационално

Социјалистичката партија победи на изборите во Венецуела

Националниот изборен совет на Венецуела прогласи победа на Социјалистичката партија, која освои 20 од 23 гувернерски места на локалните и регионални избори во оваа латиноамериканска земја.

Владејачката партија на претседателот Николас Мадуро извојуваше уште една важна победа, а нејзин член е избран и за градоначалник на Каракас, главниот град на Венецуела

Незадоволни од неуспехот на американските санкции за соборување на Мадуро, по 4-годишен неуспешен бојкот, опозициските политичари одлучија да учествуваат на изборите оваа година. За да донесат ваква одлука, тие беа охрабрени од присуството на набљудувачите на изборите на ЕУ, кои пријавија минорни нерегуларности на само неколку избирачки места.

„Победата е импресивна“, рече Мадуро, опкружен со поддржувачи, додавајќи дека „победие мора да се прослават“.