Шкендија поднесе жалба, а ФФМ ја прифати, па новиот шампион последниот меч од сезоната против Силекс ќе го игра во Тетово со присуство на публика.
Според првичната казна, Шкендија требаше преостанатите натпревари од сезоната да ги одигра без публика. Таква беше казната откако дел од навивачите не ја почитуваа минутата молк за жртвите од Кочани и наместо тоа пееја песни за УЧК.
Во меѓувреме Шкендија поднесе жалба на оваа одлука, а ФФМ реши да ја ублажи казната, па наместо пет, тетовскиот клуб ќе игра четири меча без публика.
Тоа значи дека последниот меч од сезоната на кој ќе се слави титулата, ќе се игра пред гледачи во Тетово.
На тој меч Шкендија ќе го крене и шампионскиот пехар.
Следи го Антропол преку Google 
