АктуелноЛокално

Левица Илинден апелира за разрешување на случајот во кој животот го загуби 13 годишно девојче

  • Реакција на Левица – ЛО Илинден.

„Во врска со немилиот настан од 3 јули 2018 година во кој 13 годишно девојче од населба Илинден се удави во необезбеден ископ за темел, Левица Илинден укажува на тоа судските власти да бидат побрзи и пред се правични во разрешувањето на случајот.

Судењето за овој настан трае веќе 3 години и навистина е чудно зошто еден ваков едноставен процес толку долго трае.

Бидејќи очигледно е дека овој процес судските органи намерно дозволуваат да се одолговлекува, а имено и нашето судство е познато по бавните постапки кои пред се имаат за цел да застарат кривичните дела, Левица Илинден укажува на тоа дека во овој случај како и во сите други правдата не смее да остане нереализирана.

Судскиот процес повторно е одложен, наводно бидејќи обвинетиот бил на третман за бронхитис во една од соседните земји, што укажува на можниот план на судските власти предметот да застари и на тој начин никој да не сноси одговорност за немилиот настан.

Поради тоа, и во насока на превенција на слични вакви настани, најсериозно апелираме за праведно и брзо постапување на судските власти по овој случај.“