АктуелноИнтернационално

Мексико започнува со национализација на природните ресурси

Мексиканскиот претседател Лопез Обрадор најави отфрлање на сите можни приватни концесии за литиум. Левичарот смета дека ултралесниот метал (кој е клучот за правење батерии за електричните возила) е природен ресурс кој припаѓа на државата и не смее да биде користен за профит на странските компании. Истовремено најави дека за оваа одлука очекува да биде осуден и прогласен за диктатор од страна на САД.

Мексико ќе одбие каков било предлог за приватни концесии на литиум, дури и ако Конгресот го отфрли владиниот предлог. Законот има за цел да го резервира идното извлекување на металот за државата.“ – Изјави претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

На прес-конференцијата нагласи дека депозитите на белиот метал во Мексико, посакувани од производителите на батерии, треба да бидат управувани од државата и истите исклучиво да ги развива владата.

Идејата да се забрани приватното ископување литиум е дел од предлог-закон за реформи за електрична енергија. Овој закон има за цел да ја зајакне државната електроенергетска компанија CFE и да даде приоритет на испораката на енергија од нејзините постројки. САД, овој закон, веќе го окарактеризираа како контроверзен.

Дури и ако уставната реформа и рударството не бидат одобрени од пратениците, што ќе бара усвојување 2/3 мнозинството во Конгресот, Лопез Обрадор се заложува неговата влада да ги отфрли сите можни приватни концесии за литиум.

„Ќе го одбиеме секое барање за концесија и експлоатација на литиум и имаме моќ да го направиме тоа. Она што го сакаме е во уставот да биде утврдено дека литиумот и припаѓа на државата. “, рече Лопез Обрадор.

Студиите потврдуваат дека Мексико има потенцијално големи наслаги на литиум, главно заробени во тешко пристапни глинени почви, во моментов не постои комерцијално производство на ултралесниот метал, клучот за правење батерии за полнење што се користат во електричните возила.

Левичарот Лопез Обрадор, во неколку наврати рече дека неговата влада нема да одобри никакви нови концесии за рударство, тврдејќи дека минатите влади одобриле премногу такви договори.

Главниот мексикански истражувач на литиум, Баконара Литиум, има четири концесии во северната држава Сонора и со години тврди дека е најблиску до започнување на производството, иако неколку пати се испостави дека има погрешна прогноза.

Лопез Обрадор минатата недела рече дека компаниите со активни концесии за литиум кои можат да покажат успешна истражувачка работа ќе можат да продолжат со своите проекти, кои веројатно ќе го опфатат Баканора.