АктуелноЛокално

Апасиев: Амандманите на Левица се фрлени во корпа!

Неправилностите во работата на македонското собрание, управувано од Талат Џафери, станаа секојдневна пракса. Ваквото делување испливува на површина секогаш кога се донесуваат спорни закони. Денес, пратеникот Димитар Апасиев соопшти дека амандманите поднесени од Левица на Законот за лична карта исчезнале. Тој на својот фејсбук профил напиша:

„Амандманите на пратениците на Левица на Законот за лична карта „ИСЧЕЗНАЛЕ“ при преносот од собраниската архива до кабинетот на Џафери!?

p.s. Дечки, се врти колцето бе. Утре вие ќе бидете опозиција, а ние власт. Ондак, ќе ви поставиме канти у ходник и сами ќе си ги фрлате. Ич да не се мачиме.

p.p.s. Фараоне Talat Xhaferi ќе кркнеш још једна кривична за узурпација на уставното право на пратеник да предлага амандмани! Гадно си се заебал ако мислиш со нас вака да се заебаваш.“

Ова се случува само ден подоцна, откако Снежана Наџакова – Државен советник и Лила Пејчиновска Миладиновска – Секретар во Секретаријатот за законодавство при Владата на РМ „потпишале лажна Изјава со невистинити податоци“, со цел да ги измамат пратениците во Собранието на РМ.

За овој случај, како и за претходниот, Апасиев најави кривични пријави од правниот тим на Левица.