АктуелноЛокално

(Видео) Како Бочварски тврдеше дека легализацијата на дивоградби носи урбанистички хаос

Додека власта заедно со ВМРО-ДПМНЕ во скратена постапка ги легализира криминалните дивоградби, тогашниот министер за транспорт и врски во 2015 година тврдеше дека од ваков закон интерес имаат само неколку поединци.


„Очигледно, на крајот од мандатот, власта на Груевски гледа да приграби се што може.

Владејачкото мнозинство експресно си изгласа можност за легализација на дивоградби што се изградени во крајбрежни заштитени подрачја, покрај природни и вештачки езера, речни корита и слично.

За полесна легализација, со спорните измени е предвидено да се прескокнат локалните самоуправи и Министеството за животна средина.

Ова ќе предизвика големи штети врз природните богатства, но ќе се создаде и урбанистички хаос од којшто за интересите на поединци ќе страдаат голем број граѓани.
Еве зошто.

Објектите ќе бидат легализирани и ќе бидат запишани во имотните листови со право на сопственост. Но нема да бидат вклопени во планската документација. За нив нема да биде формирана градежна парцела.

Со тоа што ваквите објекти нема да влезат во урбанистичките планови, во реоните во коишто се наоѓаат нема да биде можно да се градат водоводи, канализации, улици, патишта. Ќе се закочи целиот развој на регионите околу езерата. Ќе стане јасно за чии интереси се носат овие спорни измени во овој закон!

По стапувањето на сила на ова криминално решение, следно што може да се очекува се нови приватни плажи на брегот на Охридското езеро и тоа во моменти кога од албанска страна се рушат објектите на брегот на езерото, за и појасот на плажите да се стави под заштита на Унеско.

Предупредуваме дека последиците од реализацијата на штетниот и апсурден закон може да бидат катастрофални. За потсетување, само пред неколку дена, во Тетово, имаше свлечишта токму поради бесправно изградени објекти и незаконска сеча.

Само за неколку дена власта на Груевски направи измени по скратена постапка на над 250 закони меѓу кои и на Законот за постапување со бесправно изградените објекти. Само вчера беа направени измени на 120 закони по скратена постапка и сега е јасно зошто. Да се присвои се што може пред враќањето на опозицијата во Собранието, којашто вакво насилие врз грбот на граѓаните нема да дозволи.

СДСМ ќе ги ревидира и укине сите законски решенија што криминалната власт на Груевски ги носи на штета на граѓаните и државата.“– истакна Бочварски.



Извор: https://w.webohrid.com