Левица бара итно и неодложно поставување на мерна станица до загадувачот Усје

  • Реакција на Левица – ЛО Кисела Вода

Го цениме вниманието кое градоначалникот Орце Ѓорѓиевски континуирано ни го посветува како единствена опозиција во Советот на Општина Кисела Вода.

Во однос на оправдувањата на градоначалникот и неговите платени медиуми дека не го штити загадувачот УСЈЕ, решението е едноставно – неодложно поставување на мерни станици до цементарницата.

Како што потврди Ѓорѓиевски, пари за поставување мерна станица се предвидени во општинската програма. Прашањето е: зошто една година се одложува поставувањето на мерна станица?

Секој изминат ден без поставена мерна станица до најголемиот загадувач во нашата општина е погубен за жителите на Кисела Вода.

Одговорноста е во ваши раце, градоначалнику Орце Ѓорѓиевски. Доколку сакате да докажете дека навистина се грижете за здравјето на нашите сограѓани, врвен приоритет ќе е поставување на мерната станица. Уште денес. Секое пролонгирање ве става во заштита на загадувачот кој ја труе нашата општина.