Фени користел 2.500 тони месечно од опасното масло
Статус на Црвена Младина – Кавадарци.
Добро познати проблеми во Кавадарци. Профитираат богатите, умираат сиромашните! Огромни количини на сулфур, пепел, тешки метали и што уште не како последица на согорувањето на отпадните масла се најдени во маслото, кое било декларирано како “мазут”, а всушност е отпадно масло од земјите од ЕУ, каде користењето на истото е незамисливо
Баш ова масло се користело во Фени и Брако, како и голем број на болници во Македонија од 2018 наваму.
Дали ја сфаќате сериозноста на проблемот со горење на употребено моторно масло? Што содржи прегореното уље? Зошто не смее да се гори?Зошто се рафинира и нормалните земји инвестираат милјарди евра во рафинерии за искористено моторно масло?!
Заради тоа што не смее да се ослободи во природата, во реките и на почвата. Во никое сценарио не смее да се дозволи таков контаминант да дојде во контакт со почвата. Зошто?
1. Заради присуството на тешки метали, кои се остаток од физичко-хемиските процеси во моторите со внатрешно согорување, кои се концентрираат во моторното масло!
2. Заради присуството на сулфур, кој кога се согорува искористеното моторно масло формира СУЛФУРНА КИСЕЛИНА и како таква врне и има трајни последици на градбите, почвата, реките и растенијата! Поради ова во 18-ти век секоја зграда во Западна Европа била поцрнета.
3. Елементите на прегореното моторно масло се мутагени предизвикуваат мутации на клетки што доведув до КАНЦЕР.
4. Докажано е дека предизвикуваат проблеми со репродукцијата кај возрасните мажи.
Во 18-ти век не знаеле што прават. А, денес за профит увезуваат ТОКСИЧЕН ОТПАД , кој е класифициран како прв контаминант во ЕУ и процесирањето е контролирано со посебна регулатива, за нас да не’ трујат. Да дишиме огромни концентрации на CO2, да не бањаат со кисели дождови и да ни ја загадуваат почвата со тешки метали?!
Ете од каде е таа изненадлива бројка на малигни заболувања и белодробни проблеми во Македонија! Кажете им благодарам на властите кои ги гласате!