Ја вртеле главата пред конвоите на смртта

Статус на Војо Димоски.


Перфектниот примерок на истражувачко новинарство: „Заговор против воздухот“ е портрет на човечката алчност. Замислете: некој увезувал штетен таканаречен мазут, со кој ги труел нашите деца. Труењето добивало на својата масовност со секој добиен тендер, а многу ги имало на број, бидејќи алчноста била систематично организирана. Резултат на таа потреба да се приграби материјално богатство по секоја цена: болести, застрашувачки број млади парови кои не можат да зачнат деца, смрт онаму каде не смеело да ја има !!!

Сега замислете го другиот аспект: Тој марш на цистерните со смртоносно гориво, кој почнувал од градовите на „развиена и хумана“ Европа, а завршувал во белите дробови на нашите деца, тој конвој на смртта, некој уредно го одмолчал! Некој цариник гледал по чавки! Некој инспектор за екологија лапал муви! Некое писмо лутало од адреса на адреса без да стигне до целта! Некој обвинител ја вртел главата на страна и не го гледал црниот густ чад! Дошло пролет, чадот го снемало, останале само последиците од него.

Цариникот, инспекторот и обвинителот напредувале во хиерархијата, а на новите позиции ги однеле со себе наведнатите глави. Главите ќе им требаат и во иднина за единствената работа за којашто им служат: за вртење настрана дури врват конвоите на смртта!

Често ми се случувало да бидам донесен во позиција на црна овца во работата којашто ја работам. Без исклучок поради тоа што моите ставови не им се допаѓале на тие што во моментот владееле со нашиов мрачен вилает. Мојот одговор на барањата да замолчам секојпат бил: Не смеам да молчам, децата треба овде да ми растат! И сега немам ништо попаметно да кажам.ДЕЦАТА ТРЕБА ОВДЕ ДА МИ РАСТАТ !Тргнете ми се од пред очи со вашите наведнати глави !