Апасиев: Бројките за пописот се договорени уште кога се договараше Владата!
Во вчерашното интервју, лидерот на Левица порача дека престојниот попис е фингиран попис кој ќе придонесе за кантонизација на Македонија со однапред договорени проценти.
Немате компаративно искуство каде што имате врзан потпис, тоа е непознат феномен. Тоа значи дека на ДУИ ако не му се свиѓаат резултати, кои потенцирам се договорени, може да ги поништи. Од инсајдерски информации кажувам дека уште кога е договарана Владата се имаат договорено за бројот на албанското малцинство и држете ме за збор, тоа ќе биде околу 28%. Тоа е договорот. Иако во реалноста резидентно население е 18,4 проценти.
Ова е попис за депопулација на Македонците, ние стануваме Курди на Балканот. Ова е попис кој секој патриот мора да го бојкотира за да не помине, затоа што сите досегашни потписи беа бојкотирани од Албанците намерно. Сега е на ред да го бојкотираат Македонците. Гледајте што прават Груби и Османи, одат во Косово, одат во Албанија, тоа самото ви кажува. И тука немате албанска опозиција, буквално сите го гласаа законот, така што ова е смислено сценарио за кантонизација.
Тој дополна дека во 2011 година, после 10 дена откако беше започнат пописот, истиот беше одложен поради бојкот на албанското население. Апасиев во истото интервју ја фрли ракавицата кон ВМРО-ДПМНЕ и им порача дека ако тие повикат на бојкот, пописот истиот ден ќе биде одложен.