Настани

Дебата за општествени промени со Нара Петровиќ од Словенија

Текстот е превземен од FB настанот.


Драги наши!

Во Дуња на гости ни доаѓа Нара Петровиќ од Словенија, писател, јавен говорител и фасилитатор, еден од иницијатор(к)ите на „Исчисти ја Словенија за еден ден!“ – па решивме да си направиме муабет со него утре во 18ч. Тој е и проектен координатор и ментор во кампањата „Let’s do it! World Cleanup 2018“. Заедно со други луѓе има започнато иницијатива за еколошко село во неговиот роден крај – словенечкиот дел од Истра, а член е и на мрежата за оживување на Истра. Со нас ќе ја сподели приказната за создавањето на локалната акциска група во словенечка Истра како пример за регионална соработка на веќе активните членови, во една локална средина која инаку може да се смета за „конзервативна“.

„Постои начин да се поттикне длабинска, значајна, органска промена – и индивидуална и колективна! Прашањето е: како да воведеме здрав разум во широкото општество и взаемните односи? Ќе ги разгледаме колективните илузии за нашето општество. Повеќето од нас знаеме дека сме изгубени, но нашите визии се многу расцепкани, а и нашите предлози за решенија. Дебатата треба да не доведе до заедничка замисла за тоа што означува статус кво-то, и да пробаме да исцртаме насоки за да стигнеме до вистинска промена.“

Ве чекаме утре во Дуња во 18 часот!