Само минатото полугодие од училиштата во Македонија се испишани 700 деца

Само минатото полугодие од училиштата во Македонија се испишани 700 деца, предупредуваат од Левица.

Од партијата сметаат дека невработеноста, но и лошите услови во образованието се главни мотиватори за иселување од земјава.

-Република Македонија има сериозен проблем со младинската емиграција, задржување на младото население во државата и општото стареење на населението. Покрај високата невработеност кај родителите, условите во образованието дополнително влијаат врз овој неповратен губиток.