Еморемонт за хоризонтални колективи at Дуња: vol. 1

Текстот е превземен од FB настанот.


Како прв дел од серијалот „Еморемонт за хоризонтални колективи“, организиран од страна на поранешни членови на АКСЦ, во недела попладне во социјалниот центар Дуња ќе експериментираме и дискутираме околу групната динамика во колективите со хоризонтална структура, распределбата на улоги и справувањето со конфликти.

Ова се теми за кои ретко се слуша во рамки на нашите грас-рут колективи, иако истите неретко се причина за распаѓање на одлични иницијативи или во најмала рака претставуваат невидлива пречка на нивното дејствување, и затоа решивме да отпочнеме разговор за се она што не мачи во меѓусебните односи и да размениме начини за вистински солидарно и колективно одлучување и дејствување.

Се гледаме во недела! 🙂