Народот кој дозволува да се распродаде државниот имот – секогаш ја губи и својата држава!
Статус на Реџеп Исмаил (Хактан) – член на Президиумот на Левица.
После приватизацијата, како процес на отуѓување на државниот/народен имот во приватни раце и странски капитал, сосема логична е и последицата да тој народ ја изгуби и својата државата преку која и се афирмира во историјата. Односно, ерозијата на нејзиниот национален идентитет, кај пак понатаму, особено во услови на меѓународен поредок каде концептот на нација-држава се повеќе се афирмира и особено во специфичните, регионални околности во кои егзистира македонскиот народ и неговата држава; односно под постојани негирања и претензии на и кон носечките елементи од неговата државност и национален идентитет од страна на соседите, ќе доведе до целосно губење на државата на тој народ. А пак државата, во овој момент од историјата е единствена алатка преку која еден народ во светот го афирмира стремежот кон слобода како ултимативна цел на историјата!
Оттаму и познатото мото на нашите револуционери: Без национално ослободување нема ни социјална слобода! Е па драги мои, ние националната слобода ја добивме борејќи се против фашистичките окупатори, кои несомнено ги имаше во состав од многу народи – во оваа насока би посочил да се споредат тогашните фашистички сили како групи на различни народи/нации кои ја окупираат и делуваат на територијата на Македонија и да се направат паралели со групите народи и држави кои денеска, преку најразлични методи го минираат националниот идентитет на македонскиот народ и систематски го рушат суверенитетот на неговата држава. Дури некои важни политички субјекти од денешната политичка реалност ги носат истите имиња на организации кои токму биле дел од фашистичките сили и оперирале на територијата на Македонија.
А после револуцијата достигнавме и многу високо ниво на социјално ослободување, сето тоа преку заеднички акции и во здружен труд ја изградивме државата и ги поставивме целите на нејзините институции, преку што тогаш процути и нашата национална култура во секоја смисла: научно-образовна, уметничка, спортска…После 80-тите почнаа да ни го распродаваат имотот, понатаму продолжи со отуѓување на скоро сите витални улоги кои државата ги имаше во однос на својот народ, процесот продолжи со задолжувања во наше име што доведе на во странство ни ја продадат дури и нашата иднина, заедно со земјата и сето геолошко богатство кое државата го има. Денеска немаме ништо освен капитални (странски) окупатори кои ја црпат крвта на македонскиот работник и притоа условувајќи го преку закани за нарушување на неговиот мир, a како награда за својата послушност, приредувајќи му безброј национални понижувања, за на крај, сепак според нивниот есап, оставајќи опустошена реалност зад себе, да си заминат на друго место, на место каде „почвата“ е тазе за оплодување на нивниот капитал. Народот кој не може да ја произведе храната која ја консумира никогаш не може да биде слободен!