Договорот блиску – иднината далеку

Статус на Јована Мојсоска – член на Президиумот на Левица.


Пендаровски изјави дека 70 години не се променети ставовите на официјална Бугарија спрема Македонија. И покрај тоа, власта брусеше шахти; менуваше имиња на институции од ‘македонски’ во ‘национални’; поставуваше табли на споменици; менуваше лични документи – иако дури и неуставниот Преспански договор ги предвидува тие обврски со отворањето на поглавјата на ЕУ.

Заев до пред некој месец убедуваше дека подобар договор со Бугарија не можело да се постигне, за сега да зборува за анекси на Договорот и некакво (непознато за јавноста) приближување на позициите во име на макотрпните евро-интеграции. Дополнително, безобразно и дегутантно ја манипулира јавноста дека двете страни се рамноправни во спорот и се обврзуваат за немешање во политиките на соседната држава.

Додека за Бугарија постои пресуда од ЕКЧП за кршење на правата на македонското малцинство (одлука која не е испочитувана), во Македонија постојат неколку партии – инсталации на бугарските власт. Па така, после Никиликс, и Заев се откажа официјално од македонското малцинство.

Јавноста е исклучена целосно од преговорите кои ги таргетираат националните интереси, се кријат записниците од Комисијата како најголема државна тајна, само од Аљи (пошо ДУИ ја води дипломатијата за зачувување на македонскиот идентитет) дознаваме дека разменети се некакви документи и понуди со Софија, за кои ‘не е време да се споделат со јавноста’.

Одговор на МНР по Барање за пристап до јавни информации

Бугарската влада и опозиција уште лани усвоија Декларација полна со шовинизам и негирање кон Македонија и македонскиот народ, додека Димитров бега и не се појавува на Комисијата за дефинирање национален консензус околу црвените линии (за да не пренесе корона кога ќе тужикара по амбасадите).


А меЏународната мудро молчи и си тера сеир со загрозениот македонски идентитет и агонијата на македонските граѓани, затоа што не се работи за амнестија на воени злосторства, па да треба да лобира и притиска за национално помирување.

#ИметоДаГоВратите


Пендаровски изјави дека 70 години не се променети ставовите на официјална Бугарија спрема Македонија. И покрај тоа,…

Posted by Јована Мојсоска on Wednesday, 25 November 2020