АктуелноИнтервју

(Видео) Крмов: ДПМНЕ преќутно се согласува за разградувањето на македонската нација

Доколку Левица не го блокираше процесот, Предлог – законот за измени во личните карти, ќе беше изгласан во понеделникот.

ДПМНЕ со 44 пратеници и со милионски ресурси годишно, преќутно го поддржуваат овој Предлог – закон, со кој македонската нација се разградува.

“Ова ќе беше изгласано во понеделникот. Вие со 44 пратеника и со милионски ресурси годишно се борите за трошки. Ние да не го блокиравме, ова ќе поминеше со вашата преќутна согласност.
Македонската нација се разградува посебно од Преспанскиот, а тој процес е отпочнат од Рамковниот договор, и вие учествувате во тој консензус од лакомост затоа што ви треба албански партнер за власт по секоја цена“, рече пратеникот на Левица, Борислав Крмов, во гостувањето на „24 Анализа” со Славјанка Петровска (СДСМ), Миле Лефков (ВМРО-ДПМНЕ) и Фадил Зендели (БЕСА) во врска со Законот за лични карти.