(Видео) Лавров: Информацискиот наплив за малезискиот „Боинг“ е намерен обид за да се засени руско-малезиската средба
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека неодамнешниот информациски наплив поврзан со падот на малезискиот „Боинг“ не е случаен, туку координиран обид да се засени планираната средба меѓу Русија и Малезија.
„Секако дека не е случајност. Станува збор за намерен обид да се влее сенка врз посетата, но не успеаја. Нашите малезиски пријатели многу добро знаат што се случува,“ истакна Лавров за програмата „Москва. Кремљ. Путин“.
Министерот додаде дека Русија останува во тесна комуникација со Малезија и дека официјалните претставници од Куала Лумпур се свесни за недоследностите во истрагата.
„Во текот на сите овие години, ние сме во постојан контакт со нив. Тие гледаат дека истрагата не се водеше чесно. Има доволно факти кои го потврдуваат тоа“, рече Лавров.
Тој посочи на недостигот на транспарентност од украинска и американска страна, наведувајќи дека Украина сè уште не ги доставила податоците од своите радари, за разлика од Русија, која тоа го сторила. Според него, ниту САД не ги објавиле сателитските снимки, кои, како што рече, биле основа за обвинението против Русија.
„Судиите во Хаг запишаа дека САД тврдат оти имаат сателитски податоци што укажуваат на руска вмешаност, но тие никогаш не ги презентираа. Наместо тоа, судот рече дека им веруваат – но така не функционира правдата“, заклучи Лавров.