АктуелноЛокалноСтав

Тамара Јованов: Жената треба да може да бира – дури и опции кои не се по ваш терк

Жени кои заговараат да нема породилно отсуство или да нема право мајката да бира да биде подолго на породилно, за да не пропаднеле бизнисите, се за посебно посматрање од психијатар.

Семејството е клучната клетка на секое општество и без услови за раѓање повеќе деца, нашиот народ е неминовно осуден на пропаст во блиска иднина.

Не само породилно од 18 месеци, туку и станови и пензии треба да има даваат на жените кои раѓаат повеќе деца.

А тие кои бирате инаку, ваш живот – ваша приказна, ама притоа не мудрувајте толку за туѓите, кога веќе вие сакате самите да решавате за себе.

Не, жената не мора да р’мба со бебето под мишка, ниту пак е соодветно бебиња да раснат оставени по градинки од 6 – 9 месеци додека уште треба да цицаат дома.

Жената треба да може да бира, дури и опции кои не се по ваш терк.

Нема полошо од роб, кој не е ни свесен дека е роб и заговара дека така мора за сите.

Објави на својот фб профил Тамара Јованов, нејзината објава ви ја пренесуваме во целост: