Како Сиљановска го одбележа 9 Мај: Наместо венец на Партизанските гробишта во Бутел – собираше ѓубре и амбасадорски прегратки
Во време кога државничката должност бара достоинствено чествување на најважните датуми од националната историја, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова реши да покаже дека нејзиниот приоритет е сосема поинаков. Наместо да положи свежо цвеќе и да оддаде почит нa светилиштето на македонската борба против фашизмот – Партизанските гробишта во Бутел – таа се појави на прием кај ЕУ амбасадорот. Наместо таа да прима гости како вистински државник на една антифашистичка земја како Македонија, таа отиде на поклонение кај ЕУ амбасадорот.
Овој чин не само што претставува игнорирање на симболиката и тежината на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот – туку и директно понижување на борбата што ја воделе илјадници македонски борци за слобода. Со тоа што претседателката се одлучи да биде гостинка наместо домаќинка и државник, таа ја понижи и потчини целата држава.
„Длабоката“ непочит кон кон Денот на победата над фашизмот кулминираше при крајот на денот кога претседателката глумеше НЏО активистка и собираше ѓубре во околината на Скопје пред десетици медиуми и камери, по што и се пофали на Фејсбук со фотосесијата од нејзиниот невкусен активизам за време на ваков важен ден за македонската историја.
И додека партизанските споменици сè уште сведочат за крвавата цена на слободата, претседателката со својот избор демонстрира дистанца од тој дел од македонската историја. Таа не најде за сходно да изрази елементарна благодарност и почит кон оние кои се бореа за држава, во чиј претседателски кабинет денес седи.
Историјата не може да се препишува, ниту да се одмолчи. Но со вакви потези, може да се понижи. И токму тоа се случи за жал.