Исмаил: Проширувањето повеќе не е ниту на дното на приоритетите на ЕУ – „Војната“ во најава со Русија на врвот од приоритетите на Полското претседателство со ЕУ
Денеска се одржува собраниска комисија на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието на Република Македонија каде нашите пратеници ќе се запознаат и ќе им бите презентирана програмата и приоритетите на Полското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари-јуни 2025 година од страна на полскиот амбасадор во земјава, Мариуш Бримора.

Според приоритетите на Полското претседателство проширувањето на Унијата со нови членки меѓу кои и Македонија го нема никаде.

Главен приоритет на полското претедавање со ЕУ ќе бидат одбраната и безбедноста со акцент на војна со Русија (во најава), заштита на надворешните граници во ЕУ, борба со таканаречените дезинформации, енергетска транзиција, земјоделие, здравство.
Според приоритетите ЕУ се врти кон самата себе и не дава никаква надеж за ново проширување каде во чекалната чекаат неколку балкански земји, додека Македонија е уценета со промена на Устав за внесување на Бугарите во македонскиот Устав.
На ова реагираше пратеникот Реџеп Исмаил од Левица кој на ФБ напиша:
Во овој момент во Собранието на Република Македонија, амбасадорот на Полска ни ги претставува приоритетите на полското претседателство со Советот на ЕУ – како што може да забележите “проширувањето” веќе не е приоритет.
Го слушам Амбасадоров и сфаќам дека фантазиите на ЕУ се уште една војна со Руската Федерација. Лекцијата очигледно не е научена, или заборавена. Со среќа нека ви е о вие ЕУроБјани.
Неговиот статус ви го презентираме во целост: