Исмаил за инфлацијата, класите и таканаречените „европски вредности“
Фејсбук статус на пратеникот Реџеп Исмаил Хактан.
Во Македонија, особено во Скопје, домувањето станува еден од најголемите економски и социјални предизвици, особено за младите, кои, нели, во сè поголем број се иселуваат.
А што се случува со цените на станбениот простор? На пример, во 2020 година, цената на квадратен метар во Центар и Карпош била околу 1.000 евра, додека денес достигнува и над 2.500 евра, што претставува зголемување од 150%!
За споредба, во Европската Унија цените на недвижностите пораснале за само 3,8% во 2024 година.
Народот треба да се запраша:
Како ова е во согласност со т.н. европски вредности?
Зошто кога бриселските емисари доаѓаат во Македонија не вршат притисок „булдожер дипломатија“ за достигнување на вакви и слични економски стандарди, туку се гураат исклучиво политички теми?
Зошто нашиот политички естаблишмент работи на усогласување со ЕУ стандардите ИСКЛУЧИВО во политичките прашања, додека економските политики се сведуваат на создавање услови за капиталот и трговијата, без да се вреднуваат и последиците од тие услови – последиците како аутпут од економијата фундирана на тие Западни вредности?
Кога ќе почнат да се поставуваат ваквите и слични прашања пред власта и институциите, тогаш ќе стане јасно зошто:
Се брише значењето на АСНОМ,
Се слави 8 мај како Ден на Европа,
Се менува државниот грб,
Се менува името на државата,
А најверојатно ќе се промени и химната.
На крајот, неминовно ќе се постави суштинското прашање: зошто воопшто ЕУ и НАТО?