Кирјаковски: Пописот создава вештачка проекција на населението

Пописот иако втора недела е во тек, отпорот кон статистичката операција се повеќе расте. Покрај традиционалното бојкотирање и не отворањето врата на огромен дел од населението, бројот на интелектуалци кои јавно се спротивставуваат на ваквиот попис постојано се зголемува. Меѓу нив е и доц. д-р Атанас Кирјаковски, кој смета дека пописот на населението во Република Македонија е вештачка проекција, чија крајна цел е федерализација на државата. На својот твитер профил тој напиша: 

Пописот всушност има за цел да ја легитимира намерата на режимов да создаде вештачка проекција на населението во Република Македонија со штета само за Македонците и со цел идна политичка реорганизација на државата (федерализација).