Боби Ѓошиќ назначен за в.д. директор на Центарот за култура во Струмица

Министерството за култура го назначи Боби Ѓошиќ за в.д. директор на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, откако на 8 јули годинава Управниот суд го поништи огласот за избор на директор од декември лани, со што е извојувана мала победа против праксата на корумпираната власт која поставува несоодветни партиски кадрина директорски позиции.

Лани Министерството за култура го именуваше наставникот по физичко Васил Бубев за директор, откако на конкурсот се пријавиле уште двајца кандидати. Незадоволни од одлуката на Министерството, по низа протести и средби со министерката,тие поднесоа тужба до Управниот суд, која беше прифатена. Изминативе осум месеци, иницијативата „Култура или фискултура“, во која членуваат актери од Струмичкиот театар, организираше повеќе протести и акции во Струмица и Скопје со кои укажуваа на незаконитост на постапката за избор на досегашниот директор.

Ѓошиќ ќе раководи со Центарот за култура до распишувањето нов оглас и избор на директор.