Мојсоска: Што го спречува Мицкоски да го конфискува нелегално стекнатото богатство на династијата Ахмети?
А, зошто криминалите на ДУИ да ги плаќа сиромашниот народ, наместо да им се конфискува противправно стекнатиот имот?! Премиерот ако не е запознаен, и тоа како има законска можност да ги конфискува и „Соравија” и Ролс-ројсот на внукот на Ахмети, па и сиот имот на оние кои 20 години краделе, а за кои ДПМНЕ во кампања помпезно најавуваше дека ќе одговораат. Еве што вели Кривичниот законик на тема КОНФИСКАЦИЈА:
Покрај непосредната имотна корист, од сторителот ќе се конфискува и ПОСРЕДНАТА имотна корист што се состои во:
1) имотот во кој е трансформирана или претворена користа прибавена од кривично дело;
2) имотот стекнат од законски извори, доколку користа прибавена од кривично дело е помешана, во целост или делумно, со таквиот имот, до проценетата вредност од помешаната корист прибавена од кривично дело и
3) приходот или друга корист што произлегува од користа прибавена од кривично дело, од имот во кој користа прибавена од кривично дело е трансформирана или претворена или од имот во кој е помешана користа
прибавена од кривично дело, до проценетата вредност на помешаната корист прибавена од кривично дело.
Понатака, Кривичниот законик регулира и ПРОШИРЕНА КОНФИСКАЦИЈА, односно: – Имотната корист се конфискува и од членови на семејството на сторителот на кои е пренесена, ако е очигледно дека не дале надоместок што одговара на вредноста на прибавената имотна корист или од трети лица ако не докажат дека за предметот или имотот дале противнадоместок што одговара на вредноста на прибавената имотна корист.
Што го спречува Мицкоски да го конфискува богатството на династијата Ахмети (освен тоа што ДПМНЕ-СДС-ДУИ со децении си го штитат своето криминално богатење), праша народната рпатеничка Јована Мојсоска на Фејсбук.