Левица: Училиштата во Македонија станаа расадник на иредентизам
Прославата на Денот на албанското знаме, празник кој НЕ Е државен празник во Македонија, почна со кршење на календарот за работа на училиштата: дел од нив самоволно организираа прослави, место настава.
Продолжи на улица, со вандализам и сквернавење на државните симболи каде што дел од сторителите се токму малолетници.
Јавноста имаше можност да ја проследи и вознемирувачката снимка од основното училиште „7-ми Март“ од село Челопек, општина Брвеница. Јавноста сведочеше на тоа како деца помлади од 14 години место да следат настава парадираат во униформи на паравоена формација со оружје во рацете! Охрабрувани од наставниците што земаат плата од буџетот на Македонија додека вејат знамиња на Голема Албанија! Дали ги учат дека да се биде Албанец значи да не се почитува ничие друго етничко чувство и да се манифестира агресија кон неалбанците, па дури и кон државните обележја на државата чии граѓани се?
Евидентно е дека училиштата во кои што се организира настава на албански јазик служат како регрутни центри на иредентистите!
Низ таа призма станува јасно зошто и со какви намери веќе подолго време се прави притисок за отворање училишта на наставен албански јазик дури и таму каде што нема албанско население, каков што е случајот со селото Чашка во општина Чашка.
За каков соживот можеме да разговараме кога албанските иредентисти ги индоктринираат дури и децата од најкревка возраст?!
Етнотрибализмот не е одговор, туку причина за проблемот што го живееме во Македонија. Дури и кога Албанија би пораснала колку цел свет, сиромашните Албанци ќе си останат сиромашни, а тие што им го експлоатираат трудот ќе останат експлоататори!
Левица најостро ја осудува злоупотребата на малолетници од иредентистички и етнотрибалистички побуди! , како и злоупотребата на македонските училишта во такви цели!
Бараме институциите, државниот просветен инспекторат, МВР, МОН итно и бескомпромисно да постапуваат, побараа од партијата.