АктуелноЛокално

Касами продолжува со косоваризација и реализација на своите цели

  • Реакција на Левица Тетово

Секој ноември, во Тетово Касами поддржан од своите коалиционери партнери води своеволна кампања, антидржавна.

Како директен партнер на централно и локално ниво не е осуден, опоменат или гонет кривично.

Имено цел месец општина Тетово, со амин на Касами финансира проекти и манифестации преку кои се идеализираат големоалбанските вековни соништа на македонско тло.

Општинските пари се народни, граѓански и се користат само за еден етникум, негова промоција и прокламација, со целомесечни свечености во чест и раст на личната сатисфакција на Касами.

Преку глорификација на блискоисториски ликови од учк, се спонзорираат настани од типот на: Денови на Наим Фрашери, ден на азбука, ден на албанско знаме, терористи од учк, денови на “белото кече”.

Додаваме, сите овие церемонии се случуваат во Тетово, финансирани се од Општина, а оштетени се граѓаните.

Тука изоставено е македонското население. Никој не го честиташе нити даде денар за чествување, од паралено поставените челници, 19 Ноември, нити потпиша, финансираше и подели: уверение, свеченост, пофалница или цвеќе.

Советниците од македонски блок молчат и земаат плата.

Потсетуваме дека овие знамиња на фотографијата (Тетово Инфо) се противзаконски – две албански и едно или ниедно македонско и ќе стојат дури до 28 ноември, кога орли ќе го затемнат градот на чело со црниот орел Касами, кој ќе парадира низ градот – сè уште неказнет.