Препродавачи на својата татковина си играат државници

  • Пишува: Мери Георгиевска – Доктор на науки по репутација и менаџмент на Културните институции во РМ и Kоординатор во Акадeмскиот Сенат на Левица

Зборот „немачка“ е синоним за немаштија, потекнува од глаголот „да немаш“. Сличност со: „Да немаш срам“, „да немаш перде“, „да немаш храна“, „да немаш пари“, „да немаш чувство“, да немаш почит“, „да немаш домашно воспитување“, „да немаш углед“,  „да недостига било што во животот“, а недостига многу….

Пред години честопсти се шегувавме кога многумина заминуваа во „Немачка“. Им велевме: „Шо идете у Немачка, кога таму е Имачка?! Овде е Немачка!“

Иако немаше толкава Немачка колку што сега ја има – екстремна, масивна и невидено голема Н Е М А Ч К А.
Се разбира за елитата на СДС и елитните десничари во припиените европско брендирани маички, плачејќи по ЕУ и НАТО, а пљачкајки немилосрдно од устата на народот, за нив Имачка е токму овде во Македонија. Со децении наназад ја црпат имачката од устата на народот на најбезкрупулозен начин, без трошка усул! Безумие!

„Запознај се самиот себе си!“- Пишувало на вратата на Делфијското пророчиште! Тоа не значи ништо друго освен увид во сопствената сегашност. А што е сегашноста, ако не е континуитет на историјата, мудроста, духовноста, културното наследство и идентитетот!

Човек се запознава самиот себе, дури откако ќе се нурне во несвесното, сам или со помош на некого, со кој е врзан во взаемна љубов и почит.

Владеачката гарнитура заедно со Г-гарнитурата на ДпмНЕ остана без свест, без совест, без логика, без посветеност на должноста која ја глумат октроираниот премиер Таче и измислената кукла на батерии – лидерот на најголемата опозиција во распад – Мицковски.

Ние, народот Македонски не сакаме да сме дел од темниот свет на СдС и ДпмНЕ, свет од кој секојдневно сè повеќе се дисконектираме на наша среќа. Таму во тој темен свет царува криминогеноста и предавството. Таму се прпелка стравот, се декодира човекојадецот во нив. Тоа е свет на асоцијалност, во кој што потиснатите чувства на нивните „забранети овошја“ и трауматични чувства и фрустрации од времето кога Македонија им беше и сè уште им е само одличен мотив и тло за богатење на една делумно набрзина склепана политичка елита, делумно непотистичка лигавица, доходовна зделка по сите правила на меѓународниот рулет на историјата, сега, нивните трошки, измислени безлични лица продолжуваат да ги лечат фрустрациите на штета на нашата држава и на нашиот народ, ако воопшто е и нивен. Не сум сигурна за ова последново. Од петни жили нè продадоа. Сè продадоа! 

Каде се видело предавници на својата крв и препродавачи на својата татковина да продолжат да си играат државници?
Нема човек кој сака да биде продаден роб! Не остана гласач за вашите импотентни идеали, а тоа се – Да се забошоти Македонија и Македонците како најстара нација на Балканот, нивно анихилирање, искоренување, асимилирање, трансформација, преименување на Македонецот во северно македонец, да ми извините на последново. Блујам кога морам да го искуцам.

Во овој неуспешен театар, вакви какви што се сега, никакви за Македонија, на следните избори ќе ги изненадат илјадниците пролетери во партерот, но само неколумина од нивната елита во ложите.

Од таму, од тие нивни мрачни ходници, зрачат радијација со надеж дека ќе се ослободат од нивните фрустрации како и секогаш на штета на Македонецот. Животот секојдневно им станува сé покомплициран, затоа што дури и кај нив од време на време се јавува чувството на вина, кое е неподносливо бидејќи е исполнето со страв, непрестано очекувајќи ја казната.

Колку ли е страшно секојдневно да очекуваш казна?! Стравот е најголемиот пријател на вината. И како такви обете стануваат основни мотиви за нивното битисување или небитисување повеќе во политичкиот живот. Готово е. Енде. Финито. 
Кога чувството на вина го создаваат прогресивно, како резултат на нивните однесувања кон нашата Татковина и непочит кон македонскиот народ, тогаш стравот од казната нема крај. Од овде може да произлезе само распад предводен од депресија, репресија, фашистоиден однос, взаемна соработка на двете партии во распад во најсрамниот чин да се продаде Татковината.
Но, пред сосем да се распаднат, тие неодоливо многу посакуваат да го разурнат сето она што е македонско, со цел да се ослободи темната сила во нив, пред самиот крај. Тоа го прават сега.

Во овие моменти им се поремети рамнотежата на вините. Арно ама волкот како за инает, не е никогаш сит. Затоа внимавајте! По сè изгледа дека токму тие СдС и ДпмНЕ набргу ќе станат незаборавен специјалитет за Македонскиот народ!

Овде има Македонци!  Овде растат, живеат, се образуваат и се раѓаат Македонци, и нашата Македонија НЕ е веќе предѕидје, и ние како народ не сме некои будали кои трчаат по колбасот врзан за стап, кој ни го нуди Европа. И таму во Европа одамна колбасот е од зрно грашок, фејк. Само „нашите“ долгогодишни неуспешни политичари кои со години ја ништат Македонија водејки ја во фејдаут „веруваат“ дека колбасот е од месо. Нема месо. Немачка е. Се договоривме на почетокот дека е Немачка.
 
Ние верните Македонци нити сакаме, или не дај Боже имаме идеја да се засолнуваме зад „оној“ или „овој“ ѕид, и така да одживуваме ден за ден.

Еден народ каков што е денешниот народ, мојот народ, Македонскиот народ, кој е длабоко, милениумски врзан со земјата врз која опстојува, можете да го наречете како сакате, но сега и овде, немате шанса да го откорнете, да го скарате, дури и по пат на транспарентен геноцид, кој за жал е во тек, како и по пат на флертувањето со странските амбасадори. Но кој умен политичар сака да создаде непријател на сопствената земја од странските амбасадори?! Тоа е најголемата глупост. Ја потценувате нивната интелигенција! Само вашата алчност може да верува дека нема да бидете изиграни на крајот на денот.

Ние Македонскиот народ, не сакаме да умираме на ваш термин во вашето одвратно валкано државно здравство!
Ние Македонците од сега сакаме да живееме на наш термин!
Ние Македонците не сакаме нашите дечиња да ни учат фејк испишана историја.
Ние Македонците не сакаме да сме бугари!
Ние Македонците не сме бугари!
Ние Македонците сакаме во Македонија да се зборува и да се пишува на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!
Ние Македонците не сакаме македонското небо да го прелетуваат туѓи авиони!
Ние Македонците не сакаме влез во ваква фашистичка Европа!
Одбиваме да сме Северни.
Ние Македонците имаме право на глас, на фер и демократски избори!
Ние Македонците се освестивме! Ние Македонците разликуваме што е добро, а што не!
Ние Македонците сакаме да живееме во мир со сите етникуми што живеат во Македонија.
Ние Македонците не сакаме да ни ја понижувате интелигенцијата!

Ние Македонците не сакаме веќе да ве гледаме, арно??

Погазивте сè што се вика правила на игра, како и основно човечко воспитување. За смисла на политичко однесување да не праиме муабет. Тоа одамна се гледа по вашите настапи во Собранието. Ова што сега се случува може да го стори само група луѓе чие лудило ја постигнува последната фаза.

Вашата анамнеза која е веќе ултра транспарентно и со години посведочена, ни продава урда за бурек со сирење – омилената забава на вашата политичка елита. Како недостаток на идеја и ум, вашата идеологија спакувана во целофан од лудило, води кон сигурна загуба на следните избори, но уште посигурна загуба на самите себеси. Истата, за жал, може да води и кон насилие (како во буквална смисла, така и насилие над мислата, здравиот ум и разумот), со оглед на тоа што скалпелот ви е совршено наострен за измена/рез на Уставот, ама Ние Македонците нема да ви го дозволиме тој Франкенштајн хируршки зафат. Бидете сигурни.  

Рушветот, кодошењето по амбасадите и курназлакот се трите јавачи на Апокалипсата на Сдс и ДпмНЕ. Откако ќе си ја завршите задачата, странците кои ве плаќаат со гнасење ќе ве фрлат на буниште. А, за четвртиот јавач?! Не сакам муабет да праам. Погоре ви кажав. Нема да ви дозволиме!

Дали навистина овие неталентирани владино опозициски лузерски суштества сметаат дека еден млад и образован човек, граѓанин на Република Македонија е слеп при очи и глув при уши пред нивните одвратни сценарија, полни горчина, загуба и предавства, и тоа НЕ повеќе како идеја, туку веќе транспарентно и безобразно го материјализираат најгрозниот чин – отворањето на Уставот. Каква дрскост! Најверојатно тоа ќе биде нивната политичка програма. Дрска! Веќе ја обелоденија. Го обелоденија предавството!

Извртоперената сегашност и илузорната реалност може да биде исправена на вистинскиот колосек. Ништо не е невозможно доколку се случат фер и демократски избори. Каде што има надеж, има и чист видик, нов пат, нова парадигма.

На крајот на денот, некаде во ситните часови, пред изгрејсонцето на исток, еден убав ден се роди голем државник. На самото изгрејсонце, тој, Апасиев, лидерот на народот, лидерот на Левица, блесна со историскиот говор, кој тектонски го помрдна тлото, го мрдна запчаникот на нашата Татковина нанапред кон една поинаква Македонија, слободна Македонија, прогресивна Македонија, Македонија која ќе суштествува на повисоки вибрации, говор кој беше на една поинаква, нова, повисока фреквенција, со самото тоа што одекнуваше со Вистина и Светлина, а кој говор го слушаа со внимание од најмладо до настаро.

Сè повеќе, од ден во ден, од час во час, од минута во минута, од миг во миг Апасиев покажува дека Тој е државникот кој ќе ја извади нашата Македонија од тињата, зошто во моментов реалноста е на респиратор, а илузијата на наркотици. За Апасиев македонците не се македончиња и бугарчиња, ами МАКЕДОНЦИ. Овде, на ова тло Македонско наскоро ќе чекорат Македонци со високо кренати глави!

Со Левица и Апасиев доаѓа Слободата. Слободата не е нешто што се купува. Таа е непоткуплива. Слободата е право на глас. Слободата е да се биде цврст и истраен. Слободата е концепт. Слободата е да се биде слободен да се донесува одлука, но не да се оди во безредие и хаос. Демократијата  го оправдува нејзиното постоење само доколку власта ја претставува слободно изразената воља на граѓаните, дадена на слободни и фер избори.

Како резултат на горе наведеново СдС и ДпмНЕ се однапред осакатени да направат било што, па макар и зло. Макар и насушно зло за кое копнеат. Нивното насушно зло е Македонија! Тие се плашат ко ѓавол од темјан од опстанокот на Македонија. Они не се способни за демократија, зошто демократијата подразбира слободен избор, а слободниот избор е размисла. Размислата е резултат на коефициентот на интелигенција. Тука се во најголем минус.

Македонскиот народ на следните избори ќе ја прероди Слободата и ќе им рече на власта и владеачкава опозиција: Фајронт арамии во Немачка!

Ние сакаме Имачка!