(Видео) Борислав Крмов кон Љупчо Пренџов: Вие излеговте како типичен апологет на олигархијата

Видео од денешната реплика на пратеникот од Левица, Борислав Крмов кон Љупчо Пренџов


„Јас колега Пренџов обично ги избегнувам вака личните реплики и таквите работи и се обидувам да се држам до темата, но, овој пат ќе морам да ви вратам. Вие рековте дека само двајца луѓе знаеле од нашата партија, ќе ви кажам дека од вашата партија знаат само еден, тоа е вашиот лидер Стевчо Јакимовски. Како да ви кажам, го знаат по тоа што: Човекот буквално треба  сликата во речникот да му стои залепена до зборот корупција, за луѓето да имаат појасна претстава за тој збор, вака, пошто го опишува визуелно.

Да се држиме малку супстенцијално. Значи, исто како што кажа колеагата Апасиев, вие излеговте како типичен апологет на олигархијата. Значи, само додека беше корона кризата, мала илустрација, што правеше приватниот капитал, пошто вие го браневте и нејќевте денар да им чепнете, а што им се случуваше на обичните луѓе. Само лабораториите имаат десет милиони плус профит, а скоро излезе и една репортажа за Аџи Бадем Систина и Жан Митрев кои што ги зголемиле дупло профитите. Внимавајте, во криза, во криза, кога сите луѓе, значи земаат кредити, обичните луѓе зборам, земаат кредити да се лечат.

И за најилустративно да ја претставам ситуацијата што се случуваше додека траеше Корона кризата, имаме еден случај, кој небаре беше предочен до Левица па јас тука на кратко имам една минута ќе го илустрирам.

Значи, човекот се разболува од корона, тежок случај, и седи три дена во државна болница. Затоа што има проблеми со срцето, има стентови и операција на срце, му се влошува ситуацијата и му викаат мораш да идеш во приватна болница. Му ја препорачуваат Жан Митрев, пошто нели е најдобра како за срце. Стигаат пред улицата и еден саат човекот чека, ова беше тој период кога имаше уште минусни температури, еден саат чека, затоа што парите не биле улатени на време. Значи, човекот мрзне во болничка количка еден саат. Откако се уплатени парите го примаат. 12 000 евра за десет дена е тарифата. 

Почнува лечењето, првите три дена им излегуваат им викаат: „а, мора уште една тераија таму, ама не кажавте… мора и таа терапија 2500 денари плус“. По натаму велат, го немаме лекот во Жан Митрев купете го во Зегин. Колку ќе не чинат тие лекови 50 евра. Знали човекот починува после 4 дена а тие завршуваат со 15 000 евра долг во банките во кои што треба да враќаат кредит.“