АктуелноЛокално

Рудар од Крива Паланка се здобил со тешки телесни повреди на работното место

На 19 ноември во ОВР Крива Паланка било пријавено дека педесет и едногодишен рудар се здобил со тешки повреди додека бил на работното место. Во соопштението стои дека за настанот биле известени трудовиот инспектор и јавниот обвинител.

„Во ОВР Крива Паланка, од Итна медицинска помош Крива Паланка било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ж.С. (51) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во рудник во Крива Паланка. Екипа од ОВР Крива Паланка извршила увид, а за настанот биле известени трудова инспекција и јавен обвинител“, соопшти МВР.

Засега за јавноста не се споделени повеќе детали за тоа дали рударот имал соодветна заштитна опрема кога се случила несреќата. Работниците во оваа професија, статистички, преживуваат најмногу повреди на роботното место.