Пад на индустриското производство во еврозоната од 3,2 отсто

Во јануари 2024 година, во споредба со декември 2023 година индустриско производство е намалено за 3,2 отсто во еврозоната и за 2,1 отсто во ЕУ, покажуваат првите проценки на Евростат, статистичкиот завод на Европската Унија. 

Во декември 2023 година, индустриското производство порасна за 1,6 отсто и во еврозоната и во ЕУ.

Но, од друга страна, податоците на Евростат откриваат дека во јануари 2024 година, во споредба со јануари 2023 година, индустриското производство е намалено за 6,7 проценти во еврозоната и за 5,7 отсто во ЕУ.

– Во еврозоната во јануари 2024 година, во споредба со декември 2023 година, индустриското производство е зголемено кај интермедијарни производи за 2,6 отсто, енергијта за 0,5 проценти, кај капиталните добра има намалување за 14,5 отсто, исто кај трајни производи за широка потрошувачка пад од 1,2 проценти, и кај нетрајните производи за широка потрошувачка намалување за 0,3 отсто – пишува Евростат во анализата. 

Од друга страна во Европската унија, индустриското производство има раст кај интермедијарни производи за 2,9 отсто и кај енергијата за 0,6 проценти. Додека кај капиталнтие добра бележи пад од 12,8 отсто, потоа кај трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 проценти и кај нетрајните производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти.

– Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, најголемите месечни намалувања се забележани во Ирска (-29,0%), Малта (-9,4%) и Естонија (-6,6%). Највисоки зголемувања се забележани во Полска (+13,3%), Словенија (+10,6%) и Литванија (+7,2%) – се појаснува во соопштението на Евростат